Македонскиот шампион Вардар ги почна подготовките за новата сезона. Тренерот Владо Недановски на првата прозивка ги имаше сите ракометари на кои смета сезонава, иако не е исклучено на тимот да му се приклучат и нови ракометари кои ќе го засилат Вардар.
Поради зафатеност на салата „Јане Сандански“ првиот тренинг вардарци го имаа во училишната сала во ОУ „Круме Кепески“. Покрај во сала, ракометарите ќе се имаат и тренинзи во теретаната во СЦ „Јане Сандански“ и на фудбалскиот стадион до салата каде и досега традиционално ги извршуваа задачите.
По завршувањето на женското кадетско СП што се одржува во Скопје, екипата се враќа во Сц „Јане Сандански“ и ќе тренира до заминување за Струга каде ќе играат на традиционалниот турнир.