Нови ниски удари од Хрватска: Фудбалерите на Шкупи од исто место пијат вода и ги мијат копачките!

10030

Хрватските медиуми продолжуваат да пласираат со провокативни информации поврзани со Шкупи. По објавата дека играчите спиеле во „Мек Доналдс“ на враќањето од Гибралтар, сега излезе цела репортажа за стадионот во Чаир.

Ударни се условите кои ги има стадионот. На Хрватите им е чудно дека пред соблекувалните има корита каде што фудбалерите ги мијат копачките. Главна замерка е што може секој да влезе и дека нема официјални протоколи кои ги наложува УЕФА. Покрај се наведува дека тревата е порасната на ниво на второлигаш, а теренот не е одбележан.

„Тоа е тренинг, претпоследниот тренинг пред доаѓањето во Динамо. Вратата е отворена, секој може да влезе. Нема официјален протокол на УЕФА, нема чувари и (не)пишани правила. Лево има три чешми од кои играчите пијат вода и ги чистат копачките после тренинг. До нив се наоѓа внатрешниот ѕид на споменатата автоперална, веднаш до него, клубската соба и соблекувалната. Тревникот, без нацртани линии, тревата е дури и висока, би рекле, сценографијата на просечен хрватски второлигаш. Извинете, сега прва лига. На трибините 20-тина навивачи, како што веќе знаеме, се нарекуваат „Шверцери“, кои го следат тренингот на своите миленици.

ФОТО: https://www.germanijak.hr/

Хрватските медиуми и пред првата средба пишуваа најразлични текстови, но истите им се удрија од глава.

ПретходноГуцев нов член на стручниот штаб во Беласица
СледноЕ.Пелистер се сели во Маврово!