Одбиен предлогот: Град Скопје нема да му помогне на РК Вардар

2003

РК Вардар, двократниот освојувач на Лигата на шампионите нема да ја добие помош од Град Скопје. Гордан Шутаров, советник во Град Скопје од редовите на СДСМ, соопшти дека на денешната 15-та седница на Советот на Град Скопје поднесол предлог за дополнување на дневниот ред со нова точка:

„Предлог-одлука за давање на финансиска помош на Ракометен клуб Вардар 1961-Скопје“ во знак на солидарност со „гордоста на градот и Македонија“, со цел полесно да ги надмине финансиските проблеми со кои се соочува по превземањето на старо-новите сопственици и не можноста за сервисирање на наследените долгови.

Со 15 гласа ЗА, 3 против и 13 воздржани, предлогот бил одбиен, вели Шутаров.

„Од мое лично име, целосно свесен за осетливоста на темата и грижата или негрижата на институциите, приватниот сектор и сите најавени спонзорства, одлучив да ја поднесам оваа иницијатива и побарав поддршка од сите членови на Советот на Град Скопје без разлика на политичката партија која ја претставуваат. 10.000.000 денари , РК Вардар нема да го спасат, но ќе биде добар мотив и за останатите институции и приватниот сектор сериозно да го поддржат РК Вардар. Тимот ќе живее и понатаму во нашите срца, и понатаму ќе опстои и ќе дојдат нови шампионски денови за Скопје и Македонија“, сподели тој.

ПретходноСимиќ го посочи Стефанов како непрофесионалец, заборави дека син му „рогаше“ топки, а Антиќ го пеглаше во соблекувална!
Следно„Спортмедиа“ дознава: Осијек нуди 900.000 евра за Сандеј, во редот и Ријека!