Барселона овој викенд во „Ел Класико“ го победи Реал Мадрид со минимални 1:0. Стрелец на голот во редовите на каталонскиот гигант беше Рафиња кој покажа дека ќе биде големо засилување, тој неодамна дојде во клубот од Лидс Јунајтед за 60 милиони евра.
Рафиња по мечот беше во центарот на вниманието бидејќи си размени дресови со сонародникот Винициус Јуниор, имаа и краток разговор, а камерите сето тоа го снимија.
Чекаа прво да го напуштат теренот бидејќи не се случува често играчите на двата најголеми клуба така да си разменуваат дресови, а тоа кога го прават е надвор од очите на јавноста, но овој пат камерата успеа да ги сними.
Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид обично ги менуваат дресовите кога одат во соблекувалната и тоа не го прават директно како Рафиња и Винициус бидејќи навивачите тоа навистина не го сакаат тоа. Но, Рафиња допрва треба да го научи тоа бидејќи само што дојде во Барселона и за негова среќа затоа што ова беше само загревање.
View this post on Instagram