Само Пелистер може да ја замени Ренова во ПМФЛ!

4305

Со оглед на тоа дека Ренова нема да игра во ПМФЛ за следната сезона, барем такви се информациите од клубот од Џепчиште, тогаш се поставуваа прашањето дали нашата елита во сезоната 2022/23 ќе брои 11 клубови или некој во последен момент, од клубовите кои се заинтересирани за настап во ПМФЛ, сепак ќе ја замени Ренова.

Со оглед на тоа дека ждрепката е направена, а малку незгодно е во секое коло да има по еден слободен тим, тогаш најдобро би било да му се дозволи на некој клуб да игра во ПМФЛ. Во нашата јавност познато е дека има повеќе заинтересирани клубови да играат во ПМФЛ, но според нашите сознанија, од сите тие што сакаат, само Пелистер ги исполнува сите услови да игра. Односно само битолскиот клуб има право да ја замени Ренова, ниту еден друг. Клуб кој минатата сезона играше во елитата и испадна од неа.

Вардар, Воска, Гостивар, Беласица и останатите едноставно не можат. Или се во долгови, како Вардар на пример и тоа во милионски, или пак нивните клубови не се пререгистрини во АД, или пак…

Значи ако веќе некој во последен момент би се уфрлил да биде дванаесетиот клуб во ПМФЛ за наредната сезона, тоа би можел да биде само Пелистер и никој друг. Тука мислиме на клубовите кои се второлигаши.

ПретходноАдеми и Ристовски знаат како е да се игра на Арената! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноНајплатените фудбалери во Ла Лига: Азар неприкосновено на врвот!