Сезоната набргу почнува а клубовите во Англија немаат дресови за продавање!

255

 

Голем број на клубови во Англија се соочуваат со проблем.Имено тие немаат дресови за продавање, а нивните фанови сакаат да купат. Едноствно фан-шоповите се празни, а дрес нема ниту за лек.Ова доаѓа поради фактот дека во земјите во Азија, каде што и се произведуваат дресовите на англиските клубови производството е запрено поради новиот бран на коронавирусот.

Па така иако сезоната набргу почнува, дресови нема за продавање.

Од 92 клуба од четирите најсилни дивизии, дури 19 се соочуваат со овој проблем, а од оние од Премиерлигата најпогодени се Лидс и Кристал Палас.Тие пак немаат ниту еден дрес за продажба.

Се разбира дека ова ќе биде голем удар за клубовите ако се знае дека добар дел од приходите доаѓа од продажба на дресови и сувенири.

ПретходноНашите капитени се дома, Динамо пристигна во Скопје (ФОТО+ВИДЕО)
СледноРафиња после „Ел Класико“ ја направи најголемата грешка!