Играчкиот кадар на Шкупи не може ниту да замисли поголем мотив и сатисфакција од квалификациско коло во Лигата на Шампионите, и поволен резултат во реваншот. Полни трибини среде лето во Скопје, и шанса да се елиминира еден великан како Динамо Загреб.
Утре на Арената Тодор Проески во Скопје, од 21:00 часот Чаирчани имаат таква можност, да испишат нова светла страница од својата историја.
„Секако дека сме максимално мотивирани, не може да биде поинаку. Знаеме што имаме пред нас, и токму затоа знаеме дека и шансата е голема. Не се игра секој ден квалификации за Лигата на Шампионите, и не се има секој ден шанса да се елиминира Динамо Загреб. Ветуваме максимална борба, битка до последниот здив и на крајот секако да се радуваме заедно со нашата публика“ – изјави Блертон Шеји на официјалната прес конференција пред дуелот со Динамо Загреб.