Јуве добива уште еден екстра напаѓач, во Торино пристигнува Фирмино!?

276

Роберто Фирмино е можеби следниот кој ќе го напушти супер тимот на Ливерпул и ќе се пресели на друго место. Бразилецот не е повеќе прва опција во нападот на Јирген Клоп, што нормално дека го прави нервозен и сака таа ситуација да се промени.

Кога првично беше разгледувана опцијата Фирмино да се пресели во нов клуб, прв кој се јави беше турскиот гигант Фенербахче. Сепак, сеуште Фирмињо сака да игра на највисоко можно ниво, па таа опција е исклучена веднаш. Следен во редот е Јувентус, а тоа е веќе клуб, кој може да ги исполни очекувањата и апетитите за титули и победи на така успешен играч.
Јуве бара партнер за Душан Влаховиќ во нападот, и тоа по можност искусен, а го има сето тоа токму во Фирмино.

Јуве може да плати максимум до 30 милиони за него, нешто на што Ливерпул би се согласил.

 

ПретходноАјомибе Тоби Амусан со нов светски рекорд на 100 метри со пречки
СледноИталија размислува да го одложи стартот на сезоната во Серија А