Динамо Загреб вечерва во пресрет на утрешниот дуел со Шкупи, го одработи тренингот на теренот на Националната Арена “Тодор Проески“. Двајца од гостинските фудбалери, а тоа секако дека се Аријан Адеми и Стефан Ристовски, и тоа како знаат како е да се игра на Арената. Па тие ќе се чувствуваат како дома,ако се знае колку натпревари во дресот на Македонија имаат одиграно на овој тревник, на oваа Арена.
Нашите фанови за нив ќе имаат помешани емоции, тие се наши херои, но утревечер нашите фанови ќе посакуваат Аријан и Стефан да не се радуваат, нашите фанови ќе сакаат Шкупи да победи.