Ајомибе Тоби Амусан со нов светски рекорд на 100 метри со пречки

118

Олуватобилоба Ајомибе Амусан Тоби направи нешто неверојатно на Светското атлетско првенство во Јуџин, САД. Репрезентативката на Нигерија постави нов светски рекорд на 100 метри со пречки во полуфиналето од натпреварувањето со резултат 12.12, и на тој начин го подобри времето на Кендра Херисон од 2016 (12.20).

Следуваше финалето во оваа дисциплина во кое што Олуватобилоба Ајомибе Амусан Тоби поторно издоминира, со нов најдобар резултат и нов рекорд,12.06, но резултатот не е признат поради пресилен ветар во грб.

Ова е прв златен медал за репрезентативката на Нигерија на Мундијалите. Среброто и припадна на Британи Андерсон од Јамајка, додека последна на пиедесталот се искачи Џасмин Камачо Квин од Порторико.

 

foto EPA

ПретходноМихамбо го одбрани златото во скок во далечина, Србија „врие“ Шпановиќ е ограбена!? (ФОТО)
СледноЈуве добива уште еден екстра напаѓач, во Торино пристигнува Фирмино!?