Фантастичниот Арманд Дуплантис не престанува да го воодушевува спортскиот свет со своите можности и капацитети. На атлетскиот мундијал во Јуџин, САД, тој го сруши својот актуелниот светски рекорд во скок со стап и постави нов 6 метри и 21 сантиметар.
За 22. годишниот швеѓанин ова е прво светско злато, а истото го обезбеди веќе на височина од 6.00 метри. За новиот светски рекорд ќе добие награда од 100.000 долари.
Второто место го освои американецот Крис Нилсен, со прескокнати 5.94., додека филипинецот Ернест Џон Обиена освои бронзен медал со истата височина но обезбедена од втор обид.
6⃣.2⃣1⃣ @mondohoss600 🇸🇪 breaks his own WORLD RECORD and claims his first world pole vault title!#WorldAthleticsChamps pic.twitter.com/9nRZLWLzTM
— World Athletics (@WorldAthletics) July 25, 2022