Мирно, со насмевки, со верба во себе, на тој начин фудбалерите на Шкупи вечерва на Арената го одработија последниот тренинг пред утрешниот дуел со Динамо Загреб. Меч кој може многу да им донесе на чаирчани, и не се само тука парите, туку славата пред се.
Секако дека Гоце Седлоски, некогашниот капитен на Динамо, а сега стратег на нашиот шампион, сака најмногу победа над Динамо, сака најмногиб да го „тресне“ Динамо.
Ние не се сомневаме дека и Седло и неговиот тим знаат како треба. Тоа го покажаа на “Максимир“, па очекуваме тоа исто да го покажат утре од 21 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.