Симиќ го посочи Стефанов како непрофесионалец, заборави дека син му „рогаше“ топки, а Антиќ го пеглаше во соблекувална!

10309

Марија Ковачева

Татко и син во една иста репрезентација, катастрофална одлука на секоја федерација. Во овој случајов кошаркарската федерација на Македонија. КФСМ одлучи да му ја довери селекторската функција на Тони Симиќ во репрезентацијата до 18 години. Одлука која никој не претпоставуваше дека ќе донесе извртени правила на однесување во „црвено-жолтите“ редови.

Симиќ денеска за официјалниот сајт на КФСМ го објави списокот за ЕП „Б“ Дивизија  за кошаркари родени под 18 години. Во текстот на нашата куќа на кошарката стои објаснување зошто Рубин Стефанов не е во списокот, играч кој важи за голем талент, а беше дел од најдобриот национален тим, на барање на Драган Бајиќ.

Објаснувањето е дека големата кошаркарска надеж се нема појавено на тренинг после пријателските мечеви со Хрватска. И за некое непрофесионално однесување.

„На вториот, излезе од игра по пет минути, седна на клупата и се понесе крано непрофесионално – ги одврза патиките и посочи дека не сака да игра. Поминав и преку тоа, му реков дека мора да се однесува како професионалец, треба да ги заврзе патиките и да се подготвува да игра, дека не сме дојдени на екскурзија. Ме послуша, седна на клупата, но побара да не игра до крајот.

По враќањето од Хрватска, јас немав никаква информација дека играчот нема да продолжи. Во четвртокот попладне ми се јави спортскиот директор дека родителот му кажал дека не гледа причина и потреба Рубин да продолжи да игра за репрезентацијата. Едноставно, го напушти тимот иако јас сметав на него и требаше да има значајна улога во оваа селекција. Очекував Рубин да дојде и да ми го каже тоа мене в лице, како што јас со него разговарав во Гевгелија“, изјави Симиќ.

Прво Симиќ како селектор требало да се загрижи зошто го нема Стефанов на тренинг, не дај боже да не е болен, да не се случило нешто…Но, се чини било полесно да не се јавува, Рубин сам да се тргне, да не излезе после дека тој е виновен или КФСМ.

Второ, ако Симиќ сака да спроведува некои принципи во репрезентацијата треба да тргне од својот син Теодор. За жал нему му е дозволено се, изгледа Тони заборави дека неговиот син рогал топки за време на тренинзите, а место да го избрка, тој ги казнил сите останати играчи заедно со него да трчаат.

Зар за рогање на топки на тренинг се трча по вина на некој друг, или во едни други времиња кога Тони Симиќ играше кошарка истите се бркаа од репрезентација!!!

Се чини дека сите гримаси на неодобрување на Тео се заборавени. Зар е заборавено дека Тео Симиќ за време на мечот против Украина беше пеглан на полувреме од претседателот Перо Аниќ и сега веќе екс-селекторот, Драган Бајиќ. Да, Тео беше седнат на клупа бијдеќи по замерките на Бајиќ, се осмели да му врати и тоа на своите 18 години.

И тука не заврши вечерта. Симиќ како родител беше погоден зошто неговиот син не добил веќе шанса на дуелот со Украина, па се осмели и да му прати порака на Бајиќ. Секако на истата не доби одговор, зошто одговорот требаше сам да го знае.

Е сега неколку дена подоцна, Тони Симиќ, предводникот на репрезентацијата до 18 години се осмели да кажува за некои принципи и правила на однесување. Истите во кошаркарска Македонија одамна се изгубени, зошто КФСМ им дозволи на многумина играчи да се однесуваат како што сакаат со националниот дрес.

А приказната за Рубин Стефанов е сосема поинаква. Притисоците кои Симиќ ги има во овој момент токму за него се големи. Ако игра Рубин, другите нема да играат, веќе долго време се прави притисок за синот на Врбица Стефанов, засега од непознати причини.

Не сакаме да претпоставуваме и да мислиме дека некој треба да се афирмира и да се продаде ова лето, зошто од голем талент во голем клуб, на крајот остана без нов договор и со празни раце.

А кога сме кај жртвите кои овој млад кошаркар ги даде за Македонија, говори фактот дека не зема туриски пасош кога оваа земја го сакаше за себе на свои 14 години. Но, тогаш неговиот татко Врбица, големо кошаркарско име во Македонија одлучи синот да го насочи кон „црвено-жолтиот“ дрес, но се чини дека погреши.

Ваква Македонија, со вакви игри не заслужува да ги има најдобрите!!!!

 

ПретходноДрагана Ристова нов тренер на ЖРК Куманово
СледноОдбиен предлогот: Град Скопје нема да му помогне на РК Вардар