Тен Хаг на крајот од минатата сезона реши да го напушти Ајакс и да ја прифати поканата на Манчестер Јунајтед каде пристигна наместо Ралф Рангник кој не се снајде баш најдобро на клупата на англискиот клуб.
Јасно е дека Тен Хаг е пред голем предизвик бидејќи навивачите на Манчестер Јунајтед очекуваат овој клуб по речиси десет години чекање конечно да се врати на самиот врв на европскиот и англискиот фудбал.
Сепак, Јунајтед веднаш не постави толку високи цели за Тен Хаг. Главна цел во новата сезона ќе биде Јунајтед да се пласира во Лигата на шампионите, што не беше случај во сезоната зад нас.
Англиските медиуми објавија дека Тен Хаг ќе добие само огромен бонус доколку Јунајтед се пласира во Лигата на шампионите, како што е договорено во нивниот договор.
Во случај Манчестер Јунајтед да успее да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, холандскиот стручњак ќе инкасира речиси пет милиони евра, што е навистина фантастичен бонус.
„Црвените ѓаволи“ загубија голема сума на пари откако не успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите, а како казна им ги намалија платите на сите играчи за цели 25%.