Тимот на Баерн Минхен и официјално го промовираше Матис Тел како нов играч. Младиот франзуцин е доведен како перспектива на клубот и играч кој во иднина треба да биде една од главните карики на клубот, кој планира и натаму да владее во Германија но и на интернационална сцена.
Тел е 17 годишен напаѓач кој доаѓа од француски Рен, и кој е стандарден репрезентативец на оваа земја во младинските категории. „Новиот Мбапе“ е прекарот со кој овој играч пристигнува на Алианц Арена само како надополнување на очекувањата кои се имаат за него во Минхен.
FC Bayern verpflichtet Mathys Tel! 🔴⚪
🔗 https://t.co/uhtL7FMHEr#ServusTel #MiaSanMia
— FC Bayern München (@FCBayern) July 26, 2022