Динамо го чека пекол: Се очекува 20.000 фанови да навиваат за Шкупи, се спрема – СПЕКТАКЛ!

2230

Вечерва Шкупи, нашиот шампион ќе ја пишува историјата. Вечерва од 21 часот чаирскиот клуб го игра еден од најважните свои натпревари во историјата, ако не и најважен. Четата на стратегот Гоце Седлоски го дочекува Динамо во возвратниот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. По оној блескав резултат од Загреб, од првиот меч на “Максимир“ кога беше 2:2, сега апетитите пораснаа, сега фановите се “запалија“, сега сите ние очекуваме чудо. А тоа чудо е да малиот Шкупи од Чаир го елиминира балканскиот гигант Динамо Загреб.

Секако дека и по тие 2:2 од Загреб, Адеми, Ристовски и останатите “модри“ се големи фаворити, но исто така факт е дека вечерва на Арената “Тодор Проески“ големиот Динамо го чека пекол.

Од Шкупи, од сите играчи на Шкупи се очекува да “изгинат“ на теренот, да го дадат својот максимум, па и повеќе од тоа, а во тоа ќе добијат секако и поддршка од трибините.

Најверните фанови на Шкупи, навивачка група „Шверцери“ подготвува спектакл, а се очекува вечерва на трибините да има, барем такви се најавите, 20.000 фанови кои ќе сакаат Шкупи да победи.

Па, нека биде спектакл, нека биде меч во кои Шкупи ќе покаже и докаже зошто е македонски шампион.

ПретходноСедло и Шкупи знаат како треба против Динамо! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноНавивачите на Атлетико не го сакаат Роналдо: Ние не сме азил и не собираме ѓубре!