Напред Шкупи: Фраерите од Чаир по историја, но и по 4,2 милиони евра!

1487

Да, напред Шкупи. Вечерва нека „грми“ од илјадници грла од Арената во Скопје. Вечерва Шкупи игра за историја, игра за себе, игра и за рејтингот на мак – фудбалот. Но вечерва Шкупи игра и за 4,2 милиони евра најмалку.

Имено ако успее да го победи Динамо тоа ќе значи пласман во следната рунда од квалификациите во ЛШ, но и ќе значи најмалку пласман во групната фаза во ЛК.

И да загуби останува шансата за пласман во групната фаза на ЛЕ или ЛК, но ние сакаме уште вечерва чаирчани да стават печат на историскиот успех.

Фраерите од Чаир со верба во себе, може да се надеваат на чудо. Нека одиграат најдобро што можат, нека уживаат во овој историски меч за својот клуб, па што биде нека биде.

А сите ние сакаме вечерва момците на Гоце Седлоски да го победат Динамо Загреб.

Уф, каков чалам ќе биде тоа, уф, каква сензација ќе биде тоа.

Да, секако дека е јасно кој е фаворит, кој тим “тежи“ 100 милиобни евра а кој пак само 5,5 милиони евра.

Но вечерва на Арената во Скопје гостите од Загреб ги чека пекол. Се очекува 15.000-20.000 фанови здушно и еуфорично да им ја дадат сета поддршка на овој свет на своите миленици.

На крај само ова…

Нека извинат Аријан и Стефан што вечерва за првпат цела фудбалска Македонија ќе навива против нив, што цела Македонија ќе биде против нив и што ќе посакува нивна тага.

А во септември, кога ќе гостува Бугарија, е тогаш и тоа како ќе бидеме со Аријан и Стефан.

И повторно на крај…НАПРЕД ШКУПИ.

ПретходноГирона го доведе најдобриот стрелец во МЛС
СледноЈунајтед го промовираше Ериксен! (ФОТО + ВИДЕО)