ППД Загреб во новата сезона ќе има интересен состав, со тројца екс-ракометари од таборот на РК Вардар. По Иван Чупиќ и Вуко Борозан, хрватскиот тим го договори и Тимур Дибиров.
После девет години минати во „црвено-црниот“ дрес, рускиот интернационалец одлучи дека е вистинско време да го напушти Скопје. Неговата желба беше да остане во редовите на македонскиот првак, но како што изјави самиот преку некои работи не може да премине.
Дибиров веќе е во Загреб, а „плинарите“ се пофалија на својот Инстаграм профил.