Јунајтед не го убеди Роналдо да остане!

877

Епилогот од состанокот меѓу Роналдо и Јунајтед е тој дека Португалецот сака да си оди, а клубот не сака да го пушти. Иако во разговороите учествувале и Ерек тен Хаг и Алекс Фергусон, никој не можел да го убеди Португалецот да остане на “Олд Трафорд“ и да си го одработи договорот до крај, а има уште една година.

Доказ дека состанокот минал тензично, барем така јавуваат медиумите во Англија, е тоа дека Роналдо со својот автомобил излегол од задниот дел од базата на клубот “Карингтон“.

ПретходноЗасилување во одбраната: ПСЖ го претстави Мукиеле!
СледноПОЛУВРЕМЕ: Лавовска борба на Шкупи – 0:0 и најава за пекол!