Адеми е спасителот на Динамо и „кошмарот“ на Шкупи! (ВИДЕО)

2970

Дами и господа, фудбалски фанови и љубители на спортот! Неговото величество од лав – Аријан Адеми. Човек грамада, борец – играчиште. Спасител на големиот Динамо Загреб, капитен, лидер и срелец на голот со кој „модрите“ од Максимир на минаа тешката препрека наречена Шкупи а предводена од одличниот стратег Гоце Седлоски.

Немаа среќа „чаирчани“ кои лавовски се бореа во текот на сите 90 минути а на моменти беа и подобар ривал на теренот од големиот фаворит и најсилниот клуб на Балканот. Но додека сеуште со мислите беа во „соблекувалната“ Динамо тргна од центарот Оршиќ асистира а Аријан Адеми од 5-6 метри го тресе Наумовски и Шкупи. Тежок шок, примен гол кога речиси играчите на нашиот првак не ни беа наместени на теренот како што треба. Големи екипи така казнуваат и вака се протнуваат во следната фаза иако се тресеа и до последен момент висеа во дуелот со првакот на Македонија.

Шкупи одигра храбар меч, одличен меч, нешто слично како и при оние 2:2 во Загреб но немаа сили домаќините за сензација. Имаа неколку обиди и зрела прилика преку Цефас во 45 минута. Неколку обиди од далечина и толку. Динамо беше подобар ривал на денешиот меч иако „модрите“ од Загреб не блескаа. Во многу лошо време таму некаде во 30 минута се повреди Хамиди, брзи жолти картони за Абдула и Кувен – претходно отпадна и Данфа. Сандеј беше опасен но кога беше сдалеку од голот, одбраната малку панично но доволно добра со оглед на тоа против каков силен ривал играа. Клупата на Седлоски не донесе свежина освен Али Адем на моменти. Генералната слика е дека Динамо Загреб со конечни 3:2 оди понатаму, со домашен кикс и слатка победа во Скопје.

Првакот на Македонија по една храбра битка е елиминиран од квалификациите за Лигата на шампионите но нашите капитени од националниот тим Стефан Ристовски и Аријан Адеми одат понатаму. Шкупи сека оди во Лигата на Европа и дуелите со Шамрок од Република Ирска.

 

Минута по минута

14’ Уфрлена топа во петерецот, Адеми од втор план се уфрла бие со глава а Наумоски брани.

15’ Прва прилика за Шкупи – Хамиди во гол шанса со удар од 12-13 метри но по средината на голот и во Ливаковиќ

21’ Скратен корнер за Алварез кој нафрла а во петерецот Абдула со глава бие за малку над голот.

30’ Кувен од 17 метри се закани со добар удар но топката оди над голот!

35’ Паника пред голот на Шкупи, Шпикиќ во добра прилика бие, блок на Фаустин и следи одбрана на Наумовски.

41’ Цефас како брз воз се проби по десната страна изби сам но бие за малку покрај десниот долен дирек на Ливаковиќ.

45’ Петковиќ изби сам, во супер шанса е но одбраната на Шкупи на чело со голманот Наумовски ја спасува мрежата.

0:1 – 47’ Кој друг ако не Аријан Адеми! Паника во одбраната на Шкупи, кикс на Шеји по кој Оршиќ продира го наоѓа Адеми кој од 5-6 метри не греши! Офсајд нема..!?

52’ Петковиќ во налет, обид да го најде Оршиќ на втората статива но „десетката“ на Динамо не стигна на време да погоди од ¾ метри. 64’ Опасно уфрлање од десната страна, Брдаровски во последен миг спречува Петковиќ да „забие“ за 0:2.

65’ Цефас во налет, нафрла а Али Адем со глава бие млако во Ливаковиќ. 71’ Оршиќ бие силно од косо од 15 метри но за малку над гол. 78’ Каква бомба на Кувен од 30 метри! Топката за малку мина покрај голот.

 

Шкупи – Динамо Загреб 0:1 (0:0)

Арена: „Тодор Проески“, во Скопје.

Гледачи: 12.000

Стрелци: Адеми 47’

Ж. Картони: Кувен, Сандеј, Абдула. Шеји, Марвелашвили (Ш) Лауритсен, Адеми, Петковиќ (Д)

Главен судија: Џејкоб Кехлет од Данска. ШКУПИ: Наумовски, Брдаровски (Трапановски 84’), Маргвелашвили, Абдула (Али Адем 60’), Шеји, Алварз, Фаустин, Кувен, Хамиди (Георгиев 37’), Сандеј, Цефас. Тренер: Гоце Седлоски

ДИНАМО З.: Ливаковиќ, Ристовски (Мухреми 90), Лауритсен, Периќ, Љибичиќ, Шпикиќ (Менало 46’), Мишиќ, Адеми (Батурина 80’), Иванушец, Оршиќ (Гојак 95), Петковиќ. Тренер: Анте Чачиќ

ПретходноРим гори: Фановите на спектакуларен начин го поздравија Дибала! (ВИДЕО)
СледноШтета: На Шкупи малку му недостигаше за сензација, сега на ред е Шамрок во ЛЕ!