Адеми и Ристовски му ја исполнија желбата на „динамовецот“ од Македонија: Сега „можам да умрам“!

1791

Динамо Загреб на својата официјална страница сподели интересна приказна. Откако хрватскиот тим преку тамошните медиуми дозна дека во Скопје има голем фан, одлучи да ги изненади пред реваншот со Шкупи вечерва (21 часот).

Горан Адамовски поранешен новинар е големиот фан на Динамо Загреб. 40-годишниот Македонец денеска имаше средба со Аријан Адеми и Стефан Ристовски, што пак беше големо изнендување за него.

„Сега можам да умрам“, на шега изјавил Адамовски, кој има околу 30 дресови во својата колекција од Динамо Загреб со потписи од играчите.

Динамо Загреб не го остави со празни раце, му подари нов дрес со презимето на Шутало и автограми од целиот тим. Неговата желба е Динамо Загреб да се претстави во најдобро светло против Шкупи. 

ПретходноАрсенал и Јуве се договорија за Артур
СледноБаерн го официјализираше Матис Тел