Вечерва македонскиот првак, тимот на Шкупи, од 21:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје го игра реванш дуелот од второто квалификациско коло од Лигата на Шампионите против хрваткиот првак Динамо Загреб. Откако првиот меч во Загреб заврши 2:2, сега Шкупи има историска шанса за да оствари голем успех во најјелитното светско клупско натпреварување, и да се пласира во следната фаза.
Нашиот најголем стадион е подготвен за вечерашниот спектакл. Се чека само да се стартува со натпреварот и избраниците на Гоце Седлоски да тргнат во јуриш.
Од трибините ќе имаат голема подршка, која ќе биде поткрепена со кореограција низ трибните. За што точно станува збор ќе мора да почекаме до стартот на натпреварот.