Арсенал и Јуве се договорија за Артур

326

Тимот на Арсенал усепа да го доведе бразилецот Артур на позајмица од тимот на Јувентус.  Според информациите на „Тутоспорт“, Артус ќе се пресели во тимот од Северен Лондон на позајмица, со опција за откуп.

Тој сака да се приклучи на тимот на Микел Артета и го навести тоа реагирајќи на социјалните мрежи на видеото од голот на Жезус во триуфот на Арсенал против Челзи од 4:0 на подготовките во САД.

Арсенал го сакаше играчот од средниот ред уште во јануари, но не успеа да постигне договор со Јуве. Сепак, откако не беше земен ниту на подготовките во САД со Јувентус, стана јасно дека за Артур времето во Торино е завршено.

„Старата дама“ го купи Артур од Барселона во 2020 година. Формално трансферот беше вреден 72 милиони евра, но реално Бразилецот беше разменет за Миралем Пјаниќ.

ПретходноКалин Ивановски се пласираше во 1/8 финалето во Австрија!
СледноАдеми и Ристовски му ја исполнија желбата на „динамовецот“ од Македонија: Сега „можам да умрам“!