Гирона го доведе најдобриот стрелец во МЛС

224

Интернационалецот од Аргентина, Валентин Кастејанос е нов член на тимот на Гирона. Тој пристигнува од тимот на Њујорк Сити од МЛС лигата како позајмен фудбалер, и со репутација како најдобар стрелец во таа конкуренција.

Кастејанос постигна 19 гола во 32 натпревари минатата сезона во МЛС за да му помогне на Њујорк Сити да го освои својот прв МЛС куп. Напаѓачот заврши на врвот на голгетерската листа во лигата, но ја подели наградата Златна копачка на лигата со Себастијан Дриуси од Остин. Мала утеха за Кастејанос е што има две асистенции повеќе од Дриуси.

Во оваа година има 13 гола на 17 натпревари во првенството и повторно го дели првото место во рангирањето со неговиот сонародник Дриуси.

ПретходноСандеј, Реналдо, Хамиди…: Седло со напаѓачки состав против Динамо!
СледноНапред Шкупи: Фраерите од Чаир по историја, но и по 4,2 милиони евра!