Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски обезбеди место во осминафиналето на ИТФ фјучерс турнирот, кој се одржува во Котингбрун, Австрија.
Калин во првото коло го совлада Италијанецот Фаусто Табачо со 2-1 по сетови 4-6, 6-3, 6-3. Ивановски го загуби првиот сет со 4-6, но во следните два беше на ниво на задачата, и двата ги доби со индентични 6-3 и 6-3.
За место во полуфиналето македонскиот тенисер за противник ќе го има Италијанецот, Андреа Гуериери.