Костиќ е се поблиску до Вест Хем

133

Српскиот интернационалец Филип Костиќ е се поблиску до трансфер во Вест Хем. Ајнтрахт веќе ја прифати понудата на „чеканите“ вредна 15 милиони евра, а што се однесува до личните услови сеуште Костиќ го нема кажано последниот збор.

За неколку дена ќе има средба на раководството на Вест Хем и агентот на Костиќ, кој го застапува и Џаблука Скамака. Напаѓачот на Сасуоло веќе има сигурен трансфер во Лондон. 

Костиќ ја стартуваше кариерата во Раднички Ниш, а потоа се пресели во Гронинген. Во Германија играше и за екипите на Штутгарт и Хамбургер.

ПретходноПобеда претстави уште три новитети
СледноВардар денес патува, утре пријателска со Охрид