Навивачите на Атлетико не го сакаат Роналдо: Ние не сме азил и не собираме ѓубре!

220

Каков ќе биде текот на кариерата на Кристијано Роналдо ќе биде познато по состанокот на португалскиот фудбалер со раководството на Манчестер Јунајтед. Тој не отпатува со тимот на подготовки, а светските медиуми на големо пишуваат дека неговата желба е да си замине од „Олд Трафорд“, а како следна дестинација се споменува Атлетико Мадрид.

Но, навивачите на овој тим веќе дигнаа бунт. Роналдо не е омилена личност меѓу нив, поради тоа што во минатото го носеше дресот на Реал Мадрид, како и неговото однесување кога во дресот на Јувентус постигна хет-трик против Атлетико во сезоната 2018/19 за крајни 3-2 за торинскиот тим.

Поради лошото минато и потегот на Роналдо во видеото погоре, навивачите на Атлетико испратија порака до раководството, ако го потпишат Роналдо ќе ги откажат годишните билети:

„Никогаш во мојот тим, нашите вредности се над целите“, пишуваат луѓето во коментарите, меѓу кои „Ние не сме азил и не собираме ѓубре“. 

ПретходноДинамо го чека пекол: Се очекува 20.000 фанови да навиваат за Шкупи, се спрема – СПЕКТАКЛ!
СледноЛоши вести за Јувентус од Америка!