Вечерва се очекува спектакл на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Шкупи и Динамо Загреб, во возвратниот дуел од 2.квалификациско коло ќе го дадат патникот за следната рунда. Тие 2:2 од Загреб се показател дека Шкупи може до сензација. Дека може да се надева на чудо.
Секако дека Динамо Загреб е голем фаворит, тука нема дилеми, а исто така нема дилеми дека токму нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми, нашите клучни репрезентативци и тоа како вечерва ќе удрат по Шкупи.
Ристовски ќе биде како стопер, со оглед на проблемите со повредите во дефанзивата, Чачиќ има намера на Стефан да му даде задача да биде тој што ќе раководи со одбраната. Како што беше во саботата на гостувањето кај Славен Белупо. Знае Чачиќ дека Стефан може и на таа позиција да биде одличен,впрочем како и во репрезентацијата каде има играно стопер.
Аријан Адеми јасно е дека ќе биде “клучот“.Одморен, свеж, не играше во саботата во Копривница, ќе диригира со играта на својот тим,капитенски. Треба и тоа како да се внимава на “Лавот“ Адеми и кога Динамо ќе напаѓа, тоа добро го покажа тој на “Максимир“ минатата недела.
Да се надеваме дека и Стефан и Аријан, како и сите во Динамо некаде околу 23 часот вечерва нема да се радуваат.