Официјални состави: Шкупи со најавените стартери, Динамо тргнува со Адеми и Ристовски!

318

На нешто повеќе од еден час пред почетокот на мечот од втората квалификациска рунда во ЛШ меѓу Шкупи и Динамо Загреб, стратезите на двете екипи ги објавија старните состави.

Кај Шкупи очекувано, Гоце Седлоски се одлучи за најавените единаесет, а тоа се…

Наумовски, Брдаровски, Абдула, Маргвелашвили, Шеји, Сенгор, Куевен, Алварез, Хамиди, Сандеј, Реналдо.

Формацијата е 4-3-3.

Додека кај Динамо Загреб, Анте Чачиќ не се двоумеше премногу, тој ќе тргне со Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Инаку еве го и стартниот состав на “модрите“…

Ливаковиќ, Ристовски, Лауритсен, Периќ, Љубичиќ, Шпикиќ, Ј. Мишиќ, Адеми, Иванушец, Петковиќ, Оршиќ.

Формацијата е 4-4-2.

Мечот започнува во 21 часот а главен судија ќе биде Јакоб Келет од Данска.

ПретходноМладински репрезентативци во првиот состав на Вардар
СледноКошаркарките на тест со Црна Гора!