Пелистер со прво засилување, ТФТ ќе има „џин“ во рекетот!

637

Македонските клубови кои во новата сезона ќе имаа плус обврски од домашниот шампионат на големо работат на создавање на „костурот“ на тимот.

ТФТ се чини е најактивен на пазарот, кој ќе игра квалификации во ФИБА Лигата на шампиони и во АБА2-лига. Тимот од Тафталиџе и актуелен освојувач на Купот на Македонија го официјализира и четвртото странско засилување. Станува збор за Крис Тавиа. 28-годишникот е висок 208 сантиметри, доаѓа од Лондон Лајонс со кој настапуваше и во ФИБА Еврокупот, претходно има настапувано за романскиот Феникс Галаци, Рупла од Естониј, има искуство во Белгија во Спиру, австрискиот Оберварт и чешкиот Храдец.

Во Пелистер, вториот тим кој и во новата сезона ќе биде дел од второлигашкото јадранско натпреварување, дојде Оливер Двојаковски. Овој кошаркар доаѓа од тимот на Академија ФМП, а го носеше дресот на Куманово и АВ Охрид. Двојаковски има искуство во Шпанија со Сера Џелада и Санто Доминго Бентазос.

Претходно„Плинарите“ се пофалија, Дибиров слета во Загреб
СледноЈаховиќ има нов клуб во Турција, ќе игра за второлигашот Бодрумспор (ВИДЕО)