ПОЛУВРЕМЕ: Лавовска борба на Шкупи – 0:0 и најава за пекол!

458

Динамо Загреб е и во Скопје голем фаворит но Шкупи и вечерва како и на „Максимир“ пред 7 дена се бори лавовски, игра фудбал и не му се плаши на фаворизираниот гостин од Хрватска.

Изедначен меч, голема битка на секој дел од теренот но и паника и страв од неуспех како на страната на Шкупи но така и кај супер скапиот Динамо. Македонскиот првак игра со отворен гард, на моменти напаѓа а со мала несигурност во одбраната сепак не им се дозволува на гостите да се заканат опасно. Одлична шанса имаа „гулабите“ во 41 минута кога Цефас се најде во супер шанса но за малку бие крај голот. Две добр прилики имаше Шкупи по удар со глава на Абдула и обидот на Кувен од 17 метри. Првите 45 минути вечерва се со 0:0 кои по оние 2:2 од Загреб сееднакви на голема нерешена битка во која престојат нови бурни 45 минута по кои ако нема победник ќе иома продолженија а можеби и пенали.

Динамо Загреб е голем тим и комплетно заштитен од данбските арбитри. Дури три непотребни жолти картони но и повреда на Хамиди кој во 36 минута беше заменет од Георгиев. Адеми е гланата карика во играта на Динамо Загреб а Петковиќ во 45 минута се најде во најдобра гол прилика која неуспеа да ја реализира. Шкупи се бори не се предава…

Минута по минута

14’ Уфрлена топа во петерецот, Адеми од втор план се уфрла бие со глава а Наумоски брани.

15’ Прва прилика за Шкупи – Хамиди во гол шанса со удар од 12-13 метри но по средината на голот и во Ливаковиќ

21’ Скратен корнер за Алварез кој нафрла а во петерецот Абдула со глава бие за малку над голот.

30’ Кувен од 17 метри се закани со добар удар но топката оди над голот! 35’ Паника пред голот на Шкупи, Шпикиќ во добра прилика бие, блок на Фаустин и следи одбрана на Наумовски.

41’ Цефас како брз воз се проби по десната страна изби сам но бие за малку покрај десниот долен дирек на Ливаковиќ. 45’ Петковиќ изби сам, во супетр шанса е но одбраната на Шкупи на чело со голманот Наумовски ја спасува мрежата.

 

Шкупи – Динамо Загреб 0:0

Арена: „Тодор Проески“, во Скопје.

Гледачи: 11.000

Стрелци:

Ж. Картони: Кувен, Сандеј, Абдула (Ш)

Главен судија: Џејкоб Кехлет од Данска.

ШКУПИ: Наумовски, Брдаровски, Маргвелашвили, Абдула, Шеји, Алварз, Фаустин, Кувен, Хамиди (Георгиев 37’), Сандеј, Цефас.

Тренер: Гоце Седлоски

ДИНАМО З.: Ливаковиќ, Ристовски, Лауритсен, Периќ, Љибичиќ, Шпикиќ, Мишиќ, Адеми, Иванушец, Оршиќ, Петковиќ.

Тренер: Анте Чачиќ

 

 

foto vecernji.hr

ПретходноЈунајтед не го убеди Роналдо да остане!
СледноПотврдено: Крсте Велкоски утре потпишува за Работнички!