Крсте Велкоски по цели осум години се враќа во Градски парк. Како што ни беше потврдено договор има меѓу него и раководството на Работнички, останува утре во текот на утринските часови да се стави потпис и неговото враќање во клубот да биде и официјализирано.
Се разбира дека ова ќе биде големо засилување за тимот на Работнички. Довчерашниот напаѓач и капитен на Сараево се враќа во својот Работнички од каде себе си се промовира и во репрезентативец на Македонија.
Велкоски имал некои опции кариерата да ја продолжи во Албанија, но сепак се одлучил повторно да го носи дресот на Работнички.