Рече вчера и на пресот. Шкупи нема да се брани против силниот Динамо, тоа е ставот на на стратегот Гоце Седлоски. Па така Седло има намера вечерва на реваншот протов “модрите“ да тргне со напаѓачки состав.
Според информациите на “Спортмедиа“, во однос на оној почетен состав од Загреб, ќе има само една измена. Имено место повредениот Данфа, ќе стартува Реналдо, интернационалецот од Јамајка кој во 90.минута во Загреб го расплака “Максимир“.
Еве ги стартните единаесет, формацијата е 4-3-3…
НАУМОВСКИ, БРДАРОВСКИ, АБДУЛА, МАРГВЕЛАШВИЛИ, ШЕЈИ, СЕНГОР, АЛВАРЕЗ, КУЕВЕН, ХАМИДИ, РЕНАЛДО И САНДЕЈ.