Седлоски: Криво ми е што на полувреме предупредив за она што се случи

618

Македонскиот шампион, екипата на Шкупи не успеа да се исправи пред предизвикот, и да го елиминира далеку поскапиот, поелитниот и ако сакате и поквалитетнио ривал од Хрватска, екипата на Динамо Загреб. Вечерва на Арената Тодор Проески Динамо обезбеди триумф од 0:1 и на тој начин ги „поништи“ оние 2:2 од првиот дуел. „Душман“ на чаирчани како и на првиот дуел беше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој погоди на стартот на вториот дел, и му ја даде таа драгоцена предност на гостинот кој успеа да ја сочува до крај.  „Одигравме егал и на двата меча. Ги опоменав играчите на полувреме за внимаваат во тие први пет минути но видовте и сами што се случи. Динамо е многу квалитетен тим, имаат голем фонд на играчи. Нас ни се повредија Данфа и ХАмиди, направивме некакви измени, а самите видовте дека кога во Динамо излегува играч влегува идентичен, а можеби и поквалитетен меч. Им кажав на фудбалерите дека сум горд на нив, одиме понатаму. Криво ми е што им го кажав тоа на фудбалерите. Го знам Менало затоа што бев тренер во Динамо и ја знам негоата брзина. Го видов дека се гагрева.Не добија на искуство. Реално. Друго ќе беше Цефас да ја искористеше таа шанса, а Динамо не простува таква шанса. Знаев што следи, за тоа ми е криво, за ништо друго. Одиме понатаму, следува Шамрок. Конечно, не се посрамотивме, напротив, покажавме што можеме. Денеска не постигнавме гол, криво ми е за тоа но фудбалот е таков“ – изјави тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.

ПретходноШтета: На Шкупи малку му недостигаше за сензација, сега на ред е Шамрок во ЛЕ!
СледноАнте Чачиќ: Шкупи го намачи Динамо и тоа како!