Стратегот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ по вечерашните 0:1 секако дека беше задоволен,. Неговиот тим оди натаму во квалификациите во Лигата на Шампионите и тоа со севкупни 2:3.
Тој по мечот, на прес конференцијата покрај другото истакна…
„Честитки за моите играчи на она што го одиграа. Тежок меч по тешко време. Во првиот дел настојувавме да постигнеме гол, не успеавме. Многу е тешко да се игра против тим кој ја има таа длабочинска топка хрватските медиуми го направија Динамо апсолутен фаворит во овој дуел. Апсолутно погрешија. Никако не смееш да се поставиш така против било кој шампион“ посочи тренерот на “модрите“.
Тој не пропушти во суперлативи да говори за противникот, за нашиот шампион.
„Шкупи не намачи и тоа како. Шкупи има квалитет, но и нашиот дојде до израз. Хрватската лига е квалитетна и Шкупи сигурно не би се борел за опстанок. Адеми сигурно ќе беше некаде далеку и ќе направеше сериозно различна кариера да не се случеше тоа што му се случи. Но неговиот карактер е таков да и самите можете да видите дека тој е натаму е еден од најдобрите и ќе продолжи да биде најдобар. И во Динамо и во репрезентацијата на Македонија“.