Тимот на Арсенал усепа да го доведе бразилецот Артур на позајмица од тимот на Јувентус. Според информациите на „Тутоспорт“, Артус ќе се пресели во тимот од Северен Лондон на позајмица, со опција за откуп.

Тој сака да се приклучи на тимот на Микел Артета и го навести тоа реагирајќи на социјалните мрежи на видеото од голот на Жезус во триуфот на Арсенал против Челзи од 4:0 на подготовките во САД.
Арсенал го сакаше играчот од средниот ред уште во јануари, но не успеа да постигне договор со Јуве. Сепак, откако не беше земен ниту на подготовките во САД со Јувентус, стана јасно дека за Артур времето во Торино е завршено.
„Старата дама“ го купи Артур од Барселона во 2020 година. Формално трансферот беше вреден 72 милиони евра, но реално Бразилецот беше разменет за Миралем Пјаниќ.