На нешто повеќе од еден час пред почетокот на мечот од втората квалификациска рунда во ЛШ меѓу Шкупи и Динамо Загреб, стратезите на двете екипи ги објавија старните состави.
Кај Шкупи очекувано, Гоце Седлоски се одлучи за најавените единаесет, а тоа се…
Наумовски, Брдаровски, Абдула, Маргвелашвили, Шеји, Сенгор, Куевен, Алварез, Хамиди, Сандеј, Реналдо.
Формацијата е 4-3-3.
Додека кај Динамо Загреб, Анте Чачиќ не се двоумеше премногу, тој ќе тргне со Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Инаку еве го и стартниот состав на “модрите“…
Ливаковиќ, Ристовски, Лауритсен, Периќ, Љубичиќ, Шпикиќ, Ј. Мишиќ, Адеми, Иванушец, Петковиќ, Оршиќ.
Формацијата е 4-4-2.
Мечот започнува во 21 часот а главен судија ќе биде Јакоб Келет од Данска.