Македонските клубови кои во новата сезона ќе имаа плус обврски од домашниот шампионат на големо работат на создавање на „костурот“ на тимот.
ТФТ се чини е најактивен на пазарот, кој ќе игра квалификации во ФИБА Лигата на шампиони и во АБА2-лига. Тимот од Тафталиџе и актуелен освојувач на Купот на Македонија го официјализира и четвртото странско засилување. Станува збор за Крис Тавиа. 28-годишникот е висок 208 сантиметри, доаѓа од Лондон Лајонс со кој настапуваше и во ФИБА Еврокупот, претходно има настапувано за романскиот Феникс Галаци, Рупла од Естониј, има искуство во Белгија во Спиру, австрискиот Оберварт и чешкиот Храдец.
Во Пелистер, вториот тим кој и во новата сезона ќе биде дел од второлигашкото јадранско натпреварување, дојде Оливер Двојаковски. Овој кошаркар доаѓа од тимот на Академија ФМП, а го носеше дресот на Куманово и АВ Охрид. Двојаковски има искуство во Шпанија со Сера Џелада и Санто Доминго Бентазос.