Новиот прволигаш Победа од Прилеп, полека го комплетира ростерот за новата ПМФЛ сезона. Новитетите се промовираат веќе се шест на број и се очекува до крајот на неделата тимот да биде „затворен“.
Се работи за Игор Паноски кој по три години се враќа во црвено-белиот дрес и по настапите во Беласица, Академија Пандев, и Воска се враќе во Прилеп.
Екс македонскиот младински репрезентативец, Агон Хани, кој настапува на позицијата лев бек и лев штопер, во Победа доаѓа од прволигашот Струга Трим Љум, а претходно настапувал за А.Пандев, во Словачка за Б тимовите на Словачко и Јаблонец во младинските категории и за Вишерад во сениорскиот фудбал.
Првиот новајлија интернационалец е 21-годишниот централен дефанзивец Огњен Џурковиќ, Потекнува од младинската школа на Партизан Белград, каде ги минува сите селекции, а во сениорска конкуренција настапувал за Телеоптик и Жарково.
Претходно, минатата недела Победа ги ангажираше Тоше Делов, Хамза Рамани и Христијан Коцев.