Не треба да знаете фудбалска историја, статистика,не треба да го знаете минатото и да процените дека вечерва Динамо Загреб е голем, голем фаворит против Шкупи на реваншот од двомечот во 2.квалификациско коло. Дека Динамо е гигант. Доволно е само да видите колку европски мечеви имаат овие два клуба одиграни и ќе ви стане јасно.
Шкупи вечерва, ги сметаме и оние на Слога Ј, ќе го има својот 31-ви натпревар во европските купови. Значи тоа е тоа (не)искуство што го имаат чаирчани. За разлика од нив Динамо Загреб во својата историја досега одиграл 352 европски средби, пообедил на 142 од нив, ремизирал 78 пати и загубил 132 пати. Во 1967 година го има освоено Купот на Саемските градови кој е еквивалент на денешната Лига на Европа.
Во самостојна Хрватска е неприкосновен, речиси секоја сезона е учесник во групната фаза во ЛШ или ЛЕ. Член на некогашната голема екс-југословенска четворка. Вечерва Шкупи ќе игра против тој Динамо.
Значи не треба посена компарација,споредба, се знае кој е кој. Токму затоа евентуален триумф на нашиот шампион ќе биде сензација, фудбалско чудо.
Но, нели, во фудбалот чудата се можни.