Попладнево неколку наши прволигаши и второлигаши одиграа пријателски мечеви во склоп на подготовките за претстојната сезона.
Па така во Прилеп, Победа одигра 2:2 против Егнатиа, тим од Албанија. Головите за прилепчани ги постигнаа Марио Наумоски и Џејмс.
Во Штип домашниот состав а Брегалница со 4:0 го “торпедираше“ тимот на Кожуф, предводен од Ѓоре Јовановски.
Штипските “сини“ одиграа добар меч, а стрелци на головите беа Ѓокиќ, Николов, Михолов…
Второлигашот Пелистер на градскиот стадион во Струга му гостуваше на Караорман, исто второлигаш и успеа да дојде до триумф од 1:3.
Стрелци за составот од Битола беа Б. Љамчевски, Драгарски и Фејзуловски.