Динамо Загреб го доби реваншот со Шкупи со 0-1 во Скопје во квалификациите во Лигата на шампиони. Во таборот на хрватскиот тим на оваа средба настапија македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Капитенот на македонската репрезентација, Ристовски по мечот не го криеше своето задоволство за победа. Истовремено истакна дека никогаш не замислувал дека стадионот каде што израснал како вардарово дете ќе игра со Динамо.
„Им честитам на соиграчите за победата на исклучително тешкиот терен. Наидовме на црвст тим, денеска нема лесни противници. Шкупи сепак е шампион на Македонија и немаше што да изгуби. Влегоа со полн ангажман, но наважно е што поминавме и продолжуваме. Мило ми е што бев добро пречекан во мојот град“, се првите зборови на Ристовски по победата, кој продолжи: