Вчерашниот дуел од второто коло од квалификациите за Лигата на Шампионите помеѓу македонскиот шампион Шкупи, односно хрватскиот Динамо Загреб мина во прекрасна атмосрефа. Полни трибини, навивање, кореогафија. Настрана резултатот и елиинацијата, која Шкупи реално и не ја заслужи се останато оди во прилог на клубот од Чаир.
„Како човек да не се радува на вакво нешто. Загубивме да, елиминирани сме, ама како да не се радува човек кога гледаме полни трибини, навивање, кореографија, спектакл. Ова нам ни треба, ова му треба на македонскиот фудбал воопшто. Шкупи ова го заслужува затоа што долги години напорно работиме да дојдеме до овој стадиум. Прераснуваме во бренд. Сакаме да напредуваме. Многу ми е драго што на трибините вчера видов и Македонци. Тоа ми ја наполни душата и срцето уште повеќе. Фала им на сите од се срце што дојдоа да не бодрат. Заслужија и тие да се израдуваат, да гледаат уште вакви мечеви и спектакли на Арената во Скопје. И ветуваме дека ќе ги има и во иднина. Сега е време да се одморивме, ден, два, и да тргнеме во нов атак. Европски атак. Имаме уште предизвици пред себе летово. Ветуваме дека Шкупи ќе му донесе уште радост на Скопје, на Македонија воопшто. Уште еднаш, фала ви на сите“ – изјави еден од водечките луѓе на Шкупи, Омер Буњаку, за Спортмедиа