А каде на друго место. Кога се знае дека на ФК Вардар тоа му е домот (не и во моментов за жал) со децении наназад, тогаш и РК Вардар може да го посети нашиот најголем спортски објект, Арената Тодор Проески и да одработи тренинг на атлетската патека.
Денеска ракометарите на Вардар утринскиот тренинг го одработија на тартантот на Арената, „билдајќи“ ја кондицијата на отворено.
„Период кога се полнат „батериите“… Физичката подготовка е основа за се…“ – напишаа од Вардар алудирајќи и на тоа дека и за самите ракометари овој период е најтешкиот, кога „сувото“ трчање е доминантно, напорно, но и неопходно за понатамошниот напредок во сезоната.