Стивен Џерард одбележа цела една деценија како еден од најдобрите играчи за врска на светот, а е вистинска икона на Ливепрул. Тој е сериозно фудбалско име на Островот, кој остави огромен белег во играчките денови, а очигледно дека има капацитет истото да го стори и како менаџер.
Во моментов е кормилар на Астон Вила, одлично ја врши работата, а дел од тоа секако дека е и војничката дисциплина која очигледно владее внатре во клубот. Во јавноста излезе интересен памфлет поставен во клупските простории, на кои се напишани десетина правила кои се однесуваат на играчите и истите мора строго да се почитуваат.
Како на пример дека доцнење на тренинг фудбалерот ќе го чини 500 фунти, доцнење со излегување на терен 200 фунти од минута, а доцнење на состанок пред натпревар е 1000 фунти. Се казнува и влегување под туш со папучи, а интересно е што во клупската кантина е строго забранет кечап. Овој момент бил воведен уште пред Стивен Џерард да пристигне во клубот и тој го поставил како едно од барањата при потписот за Вила.