Илија Лончаревиќ: Адеми е играч од светска класа

520

Искусниот стратег, кој промени многу тимови во текот на кариерата, а во повеќе наврати и седеше на клушата на самиот Динамо Загреб, Илија Лончаревиќ, за хрватската јавност во својство на стручен коментатор даде свое мислење за синоќешниот дуел во Скопје. На него нашиот шампион Шкупи е елиминиран токму од Динамо Загреб. Првиот дуел заврши 2:2, па „Модрите“ со синоќешните 0:1 минуваат понатаму со вкупни 2:3.

И на двата дуели движечка сила на Динамо беше нашиот репрезентативец Аријан Адеми. Тој не само што царува во средината на теренот, туку многу често е дел од нападот па и не треба да изненади што на првиот дуел во Загреб го постигна првиот гол за домашните, а во Скопје единствениот. Па така, може слободно да се каже дека беше факторот на разликата помеѓу двата тима на овој дуел, во кој Динамо исклучиво на искуство,а очигледно и на индивидуален квалитет на Адеми оди понатаму.

„Адеми повторно беше тој што одлучи еден натпревар. Тоа не е нешто необично. Атијан е светска класа на позицијата која што ја игра. Секогаш е на секоја топка, на секој скок, на секоја одбиена топка, „ничија“ топка. Едноставно се снаоѓа во шансите од втор план и тоа му е најдобрата фудбалска карактеристика која ја има. Динамо сега е фаворит против Лудогорец, како што е фаворит против сите останати екипи кои можат да му се паднат во офаа фаза од квалификациите“ – вели Илија Лончаревиќ, за кого очигледно дека Адеми е број еден играч во шампионатот на Хрватска.

 

ПретходноНа Роналдо му е затворена уште една врата!
СледноВардар „билда“ кондиција на Арената (ФОТО)