Кинескиот интернационалец Кикаи Сун е нов играч на Куманово. Тој е првиот Кинез кој ќе заигра во македонскиот шампионат, а доаѓа на препорака на тренерот Владимир Мирковски.
Сун кој игра на крилните позиции, висок е 196 сантиметри, има искуство во НЦАА лигата за Сетон Хол Универзитетот од Њу Џерси.
Последната сезеона го носел дресот на Њујорк Харлем Андердогс, имал просек од 11,4 поени, 4,6 скока и 2,1 асистенции по натпревари.
Сун е трето засилување по Јузбашиќ и Марјановиќ, кои ги продолжија договоите.