Конечно се најде клуб кој го сака Роналдо, ќе игра и во ЛШ!

11312

Откако вчера се чини дека се распрснаа сите надежи на фановите на Манчестер Јунајтед, дека Кристијано Роналдо ќе остане уште една година на “Олд Трафорд“, Португалецот би сакал во клуб кој ќе игра во ЛШ.

Но за негова несреќе ниту еден клуб, гигант, од типот на Баерн, Челзи, Атлетико Мадрид и други, едноставно не го сакаат, а се знае и зошто, а тоа е поради преголемата плата што тој ја зема во Манчестер Јунајтед, иако тој одлучи истата да му биде намалена за 30%.

Сепак денеска, во медиумите во Шпанија, се појави информација дека конечно се нашол клуб кој го сака Роналдо, а тоа е Наполи. Имено првиот човек на клубот, во кој игра и нашиот Елмас, Аурелио де Лаурентис изјавил дека тој го сака Роналдо во својот клуб и дека има намера да комуницира со неговиот менаџер.

А Наполи следната сезона ќе игра во ЛШ, тоа е најважно за Роналдо.

ПретходноЕриксен со гол на своето деби за Јунајтед!
СледноОфицијално: Луис Суарез потпиша за Национал, се врати дома!(ВИДЕО)