Нема предавање, Македонија ЃП утре ќе го даде и повеќе од својот максимум во реваншот од 2.квалификациско коло во ЛК против ЦСКА Софија. Бугарите се фаворити, но “лавовите“ имаат срце, имаат желба да направат изненадување и среде Софија да им зададат силен удар на Бугарите.
Момците на стратегот Муарем Бајрами се максимално подготвени за силна битка, првиот меч заврши со 0:0, па така сека кој ќе победи утре тој ќе патува во следната фаза.
Попладневниот тренинг на стадионот “Бугарска армија“ каде и ќе се одигра утрешниот меч со почеток од 19 часот, мина во одлична атмосфера.
Фото: Fk Makedonija GP facebook