Муарем Бајрами: ЦСКА е фаворит и утре, но јас верувам во мојот тим!

154

Утре во 19 часот на стадионот “Бугарска Армија“ во Софија, ќе се одигра реваншот од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу ЦСКА Софија и Македонија ЃП. Првиот меч во Скопје заврши со резултат 0:0, а пред утрешниот меч во Софија, попладнево на прес – конфереција стратегот на нашиот тим изјави.

Повторно временските услови не ни се наклонети, и тука е топло, но што да се прави. Познато е дека на првиот меч Македонија ЃП одигра одличен меч со резултат 0:0. Сепак утре се тргнува се од почеток, утре е нов натпревар. Да, и за утре сметам дека ЦСКА е голем фаворит, но ние ќе дадеме се од себе да дојде до резултат кој нас ни одговара. Јас верувам во мојот тим, во моите играчи дека ќе го дадат својот максимум. Јасно е дека не очекува исклучително тежок меч, но ние сме подготвени за голема битка“ посочи Бајрами.

Инаку “лавовите“ доцна попладнево тренираа на теренот на стадионот „Бугарска армија“ каде утре ќе ги одмерат силите со тамошниот гигант.

ПретходноСелекторот Златев ги одреди финалните 12 за ЕП „Б“ Дивизија!
СледноПријателска: Тиквеш со триумф над Работнички!